Во последниве години, зборот „кариерен центар“ се појавува сè почесто. Универзитети, академии и различни образовни институции го користат во своите програми, веб-страници и брошури. Но, ајде реално да се запрашаме: Каде е тој центар? Дали можеме да го посетиме физички или пак онлајн? Дали можеме да побараме услуга со цел да добиеме насочување, советување, план, поврзување, стратегија без да сме дел од некоја образовна институција? Дали навистина постои?
Одговорот, е за жал – не. Во реалноста, терминот „кариерен центар“ најчесто означува сектор од неколку луѓе или индивидуалец вработен во рамките на институцијата, чии задачи се ограничени на организација на пракси, споделување огласи за работа или посредување при одредени иницијативи. Позитивно е што и на овој начин голем број на студенти се поврзуваат со индустријата, но тоа не е центар. Тоа е функција. Центарот – како вистински физички или дигитален простор каде личноста е во фокусот и каде се одвиваат систематски процеси за поддршка на кариерата – до сега не постоеше. ИКЦ (I Career Center) доаѓа токму како одговор на оваа празнина – поставувајќи ги темелите на нова ера во поддршката на индивидуалниот кариерен развој, каде секој има пристап до структуриран, персонализиран и стратешки пристап за сопствен напредок.
ШТО ЗНАЧИ САМОСТОЕН КАРИЕРЕН ЦЕНТАР?
Самостоен кариерен центар е концепт кој го гради ИКЦ (I Career Center) – првиот независен центар за кариера во Македонија, кој не е поврзан со конкретна институција и кој работи исклучиво во интерес на индивидуалецот. Тоа значи дека фокусот не е компанијата, Универзитетот или некоја академија – туку ТИ.
Мисијата е јасна: да се понуди поддршка на сите физички лица, без разлика дали станува збор за млади во потрага по насока, професионалци во транзиција, или луѓе кои сакаат да отворат сопствен бизнис.
Визијата е уште посилна: да се изгради централно тело кое ќе го замени хаосот на фрагментирани информации и непостоечки систем со вистинска грижа за кариерниот развој, но и да се работи системски – преку програми, обуки и имплементација на решенија во училиштата и факултетите.
ЗОШТО ТИ ТРЕБА ВАКОВ ЦЕНТАР?
- Затоа што CV, мотивационо писмо и огласите за работа не се стратегија за кариерен раст.
- Затоа што не е доволно да имаш само портфолио и оптимизиран LinkedIn профил.
- Затоа што, покрај огласите и препораките од пријатели, немаш друг начин да направиш промена во кариерата.
- Затоа што според Светскиот економски форум, до 2030 година 80% од професиите ќе бидат променети или заменети (извор: World Economic Forum, “Jobs of Tomorrow” Report, 2020).
- Затоа што ти треба партнер кој ќе те разбере, ќе направи план за тебе, и ќе те следи во чекорите напред.
ИДНИНАТА Е ВО ЦЕНТРИ ЗА КАРИЕРА
- Како никогаш досега, се наметнува потребата од ваков тип на центар. Брзината со која се менуваат професиите, алатките, технологиите и потребните вештини, не може да се следи без структурна поддршка.
- Како што постои Министерство за образование или Министерство за труд, така треба да постои и Министерство за кариера. Ова не е хипербола – туку реална потреба на модерниот свет. ИКЦ го гледа тоа. И не само што го гледа, туку работи на тоа да го постави системот. Да го демистифицира терминот „кариерен центар“ и да покаже како треба да изгледа вистински центар кој ќе стои на располагање на секој кој сака да оди напред.
Со ова, ИКЦ ги поставува темелите на нова ера во поддршката на индивидуалниот кариерен развој – ера во која секој има пристап до структура, стратегија и реална шанса за напредок. - Ако и ти се препознаваш во оваа визија, ако чувствуваш дека си подготвен да направиш чекор напред, но ти недостига структура, јасност или поддршка – токму затоа постоиме.
Закажи бесплатна консултација – напредокот на твојата кариера почнува од тука


