ПРВ САМОСТОЕН КАРИЕРЕН ЦЕНТАР

Сè што ти треба за да го направиш твојот следен кариерен чекор!

Поддршка при кариерно насочување за млади и возрасни

Изработка на персонализиран план за кариерен развој и вработување

Бизнис советување за стартапи, мали бизниси и организации

ЗОШТО
ТИ ТРЕБАМЕ?

За
средношколци

  • Кариерно насочување ⓘ
  • Помош во избор на насока, факултет или академија ⓘ
  • Помош во подготовка за стипендии и аплицирање на факултети ⓘ
  • Обука за кариера и личен развој ⓘ

За
студенти

  • Индивидуално советување и изработка на личен кариерен план ⓘ
  • Поддршка при избор на обука, академија или преквалификација ⓘ
  • Помош во подготовка за стипендии и аплицирање на факултети ⓘ
  • Воведување во светот на стартапите ⓘ
  • Обука за кариера и личен развој ⓘ

За
вработени и невработени

  • Лично советување за исполнување на кариерни цели или промена на работното место ⓘ
  • Помош при избор на обука, академија или преквалификација ⓘ
  • Воведување во светот на стартапите ⓘ
  • Поврзување со луѓе и компании за остварување на кариерни цели ⓘ

За СТАРТАПИ, МАЛИ БИЗНИСИ И НЕВЛАДИНИ ОРГАНИЗАЦИИ

  • Развивање на маркетинг и продажни стратегии ⓘ
  • Дефинирање на ценовни модели ⓘ
  • Поставување (позиционирање) или обновување (репозиционирање) на пазарната позиција ⓘ
  • Вмрежување за деловен раст ⓘ

ЗАКАЖИ БЕСПЛАТНА КОНСУЛТАЦИЈА

Новости

Блог

14/04/2025

ШТО Е КАРИЕРЕН ЦЕНТАР?

Во последниве години, зборот „кариерен центар“ се појавува сè почесто. Универзитети, академии и различни образовни институции го користат во своите програми, веб-страници и брошури. Но, ајде реално да се запрашаме: Каде е тој центар? Дали можеме да го посетиме физички или пак онлајн? Дали можеме да побараме услуга со цел да добиеме насочување, советување, план, поврзување, стратегија без да сме дел од некоја образовна институција? Дали навистина постои?

Блог

14/04/2025

НЕ Е ДОВОЛНО ДА ИМАШ ИДЕЈА: 4 СТРАТЕШКИ ЧЕКОРИ ЗА ДА ГО ИЗГРАДИШ СВОЈОТ СТАРТАП, БИЗНИС ИЛИ НЕВЛАДИНА ОРГАНИЗАЦИЈА

Многу луѓе имаат одлична идеја. Некои дури и ја започнуваат. Но само малкумина успеваат да ја позиционираат, продаваат и развиваат таа идеја на начин што создава вистинско влијание и одржлив раст. Зошто?

Блог

14/04/2025

5 НАЈЧЕСТИ ГРЕШКИ КОИ ЛУЃЕТО ГИ ПРАВАТ КОГА БАРААТ РАБОТА

Потребата од нова работа не е само предизвик, туку и шанса. Сепак, многумина го започнуваат процесот со неточни претпоставки, шаблонски пристап и без јасна стратегија што често води до фрустрација, одбивања или долгорочна стагнација.

Што кажаа
за нас

ИМАШ ДИЛЕМА?

Најчесто поставувани прашања чии одговори ќе ти помогнат да ја разбереш суштината на функционирањето на кариерниот центар.

Што значи самостоен кариерен центар?

Кариерните центри отсекогаш се поврзувале со Универзитети и училишта, но во реална пракса се работи за сектори кои се грижат за поврзување на студентите со индустријата со цел вработување и пракса. Всушност, вистински центар за кариерен развој не постои. Токму затоа, идеата на ICC (I Career Center) е да ја промени оваа пракса почнувајќи од Македонија и постави независно, самостојно тело што навистина ќе претставува ЦЕНТАР чии цели ќе бидат решавање на кариерните дилеми на сите средношколци, студенти и возрасни лица кои посакуваат напредок во својата професија и кариера.

Мисијата на овој самостоен кариерен центар е да обезбеди поддршка на сите физички лица во нивните кариери, независно дали станува збор за идентификување на својот профил и кариерна цел, промена на работна средина, напредување во својата кариера или отворање на сопствен бизнис.

Визијата е на овој самостоен кариерен центар е да стане централно тело кое ќе ги решава предизвиците поврзани со кариера на секој индивидуалец, но и системски ќе ги решава проблемите кои ги имаат веќе поставените т.н кариеерни центри во рамки на државните училиштата и Универзитетите преку развој на годишни програми, обуки и грижа за нивна имплементација со цел конечно истите да профукнционираат во вистинска смисла. Дополнително овој кариерен центар ќе гради соработки со компаниите, образовните институции и компаниите чија дејност е регрутација на кадар и вработување.

Дали кариерниот центар е поврзан со некој Универзитет или Академија?

Не, првиот кариерен центар во Македонија работи исклучиво самостојно и независно. Токму тоа е и целта, но истиот соработува со сите релевантни институции. Повеќе информации за целта, мисијата и визијата можете да прочитате во прашањето: Што значи самостоен кариерен центар?

За кого е наменет овој кариерен центар?
  1. Првиот самостоен кариерен центар во Македонија е наменет за сите средношколци, студенти, возрасни лица кои посакуваат остварување на кариерна цел или кариерен напредок и стартапи/организации кои посакуваат деловен развој.

    Кариерниот центар може да им помогне на сите средношколци во нивното кариерно насочување и личен развој; на сите студенти во нивно насочување, преквалификација, започнување со работа или отварање на сопствен бизнис; и МСП, стартапи или невладини организации чии фокус и потреба е поставување на бизнис модел, маркетинг и продажни стратегии, поврзување со партнери и сл. Повеќе за нашите услуги тука.

Дали кариерниот центар соработува со компании?

Да! – Кариерниот центар соработува со компании и е во процес на зголемување на својата база на партнерски компании со цел вмрежување со лицата чии кариерни цели се поврзани со деловни соработки или можности за вработување. Но, за разлика од универзитетските кариерни центри чија цел е поврзување на студентите поради пракса и вработување каде првенствено се задоволува потребата на компаниите, во првиот самостоен кариерен центар во главен фокус е секој индивидуалец или физичко лице, а не компанијата.

Соработките со компании, Универзитети, Академии и други професионалци е во интерес на остварување на кариерните цели на физичките и правни лица кои ги користат услугите на кариерниот центар.

Дали компании можат да ги користат услугите на овој кариерен центар?

Секако! – Покрај услугите за физички лица, постојат услуги за деловен развој на МСП (мали и средни претпријатија), стартапи и невладини организации. Овие услуги се поврзани со советување, но со практична примена и разработка на конкретни планови и стратегии согласно целите кои ги посакуваат.

Колку чинат услугите на кариерниот центар?
Внеси го твоето име и електронска пошта и веднаш преземи PDF со сите цени за сите програми.

    Што доколку имам потреба од повеќе услуги кои не се опфатени тука?

    Во случај да имате дилема или забележите дека некоја услуга недостасува, а е поврзана со вашиот кариерен развој, ве охрабруваме да се јавите на нашиот телефонски број за контакт со цел да ви одговориме дали таа услуга е нешто што можеме да ви го понудиме.

    Како да знам која услуга е за мене?

    Доколку имате дилеми околу нашите услуги ве охрабруваме да закажете бесплатна консултација или да нѐ побарате преку нашите информации за контакт.

    Како да се пријавам доколку имам интерес за некоја услуга?

    Пријавувањето може да го направите преку следнава апликациска форма, на телефонскиот број за контакт или со закажување на бесплатна консултација.

      За нас

      Првиот самостоен КАРИЕРЕН ЦЕНТАР во Македонија настанува од искрена потреба да се понуди вистинска поддршка на сите кои се наоѓаат пред клучна кариерна одлука, без разлика дали се средношколци, студенти, професионалци кои сакаат промена или основачи на бизниси кои имаат потреба од јасна насока.

      Како човек кој повеќе од 14 години активно работи во полето на неформалното образование и е дел од развојот на бројни тренинг програми за доедукација и преквалификација во ИТ и креативните индустрии, ја чувствувам оваа иницијатива како лична и професионална должност. Воедно сум ко-сосновач на StartUp Club Skopje, каде веќе неколку години помагам на стартапи и мали бизниси во нивниот раст.

      Во изминатите девет години, сум работел со над 300 лица годишно во процес на нивно кариерно насочување и развој. Како автор и ментор на предметот „Кариера“ во рамки на академиите на Skala School, секојдневно го олеснувам процесот на вмрежување меѓу студентите и индустријата, со цел полесно пронаоѓање на работа или добивање практично искуство.

      КАРИЕРНИОТ ЦЕНТАР го замислив како простор каде секој поединец ќе може да добие јасна поддршка во донесувањето на важни одлуки, било да станува збор за избор на образование, промена на професија, унапредување во кариерата или започнување на сопствен бизнис. Ова не е само сервис, туку мисија што го поставува човекот во центарот на вниманието.

      Нашата визија е КАРИЕРНИОТ ЦЕНТАР да прерасне во независно и доверливо тело што ќе го унапредува системот на кариерна поддршка во целата држава. Работиме со физички и правни лица, со образовни институции, со компании и организации, секогаш со една цел – да го овозможиме следниот чекор во нечие професионално патување.

      До 2030 година се очекува преку 80% од денешните професии да исчезнат или да претрпат значајна трансформација. Истовремено ќе се појават стотици нови работни позиции. Во ваков динамичен свет, потребно е системска поддршка и центар што ќе им помогне на луѓето да се снајдат, да се прилагодат и да напредуваат.

      КАРИЕРНИОТ ЦЕНТАР е токму таа поддршка.

      Искрено и со почит,
      Крсто Златков
      Основач на првиот самостоен Кариерен Центар