Многу луѓе имаат одлична идеја. Но, само малкумина успеваат да ја реализираат на начин што ќе создава вистинско влијание и одржлив раст. Зошто?
Затоа што идејата е само почеток. Потребна е стратегија и поврзување со пазарот или заедницата.
Во продолжение се 4 чекори за раст и развој, кои се основа на нашите консалтинг услуги за стартапи, мали бизниси и организации.
1. Стратегија што продава
Добар продукт или услуга не значи автоматски успешен бизнис модел. Ќе работиме на изработка на јасна маркетинг и продажна стратегија, која се темели на твоите вистински клиенти/корисници и нивните потреби.
👉 Кој е твојот пазар? Дали навистина твоите клиенти се спремни да платат за твојот продукт или услугата? Како комуницираш? Кој е твојот план за продажба?
2. Цената те позиционира
Цената не е само бројка – таа зборува за тоа како те гледаат клиентите: дали им пренесуваш вредност, доверба и квалитет. Заедно ќе го дефинираме ценовниот модел кој најдобро ќе ја прикаже вредноста на твојата понуда, ќе одговара на пазарот и ќе ги следи твоите цели за раст.
Дополнително кај многу невладини организации, често среќаваме креативни и влијателни проекти, но тие не успеваат да станат долгорочни. Не затоа што се немаат добра идеја, туку затоа што недостасува знаење како да се постави ценовен модел, понуда и стратегија за монетизација.
👉 Дали наплаќаш премалку? Дали знаеш колку би платиле твоите клиенти? Како ја комуницираш таа вредност?
3. Позиционирање: Наместо да бидеш сè за секого, биди вистинското решение за вистинските луѓе
Голема грешка на многу нови проекти/идеи/бизниси е што сакаат да им се допаднат на сите. Но, најголемите брендови се јасно позиционирани. Ќе ти помогнеме јасно да го поставиш својот бизнис или организација на пазарот или пак да го ре-позиционираш доколку тоа е потребно.
👉 Кој е твојот идеален клиент? Што е тоа што те прави различен и зошто би те избрале токму тебе? Каква вредност добива клиентот од твојата понуда и дали таа вредност јасно се комуницира? Како мислиш дека моментално те гледаат твоите клиенти и дали тоа се совпаѓа со сликата што сакаш да ја пренесеш?
4. Вмрежување што гради партнерства, не само контакти
Успехот не се гради сам. Вистинското вмрежување не значи само „присуство на настани“, туку стратешко градење на партнерства и релации кои отвораат врати, проекти и препораки.
👉 Ќе добиеш поддршка за да се поврзеш со вистинските луѓе и организации. Без разлика дали започнуваш нешто свое, или веќе водиш организација што сака промена и свежа енергија – стратегијата е она што ја претвора идејата во реалност.
Ако сакаш насока и поддршка во градење на маркетинг и продажни стратегии – тука сме да ти помогнеме.


