5 НАЈЧЕСТИ ГРЕШКИ КОИ ЛУЃЕТО ГИ ПРАВАТ КОГА БАРААТ РАБОТА

Потребата од нова работа не е само предизвик, туку и шанса да донесеш правилна одлука. Сепак, многумина го започнуваат процесот со претпоставки, шаблонски пристап и без јасна стратегија што често води до фрустрација, одбивања или долгорочна стагнација.

Во продолжение, издвојуваме пет грешки што најчесто ги среќаваме кај оние кои бараат работа, без разлика дали се млади кои штотуку излегуваат на пазарот, или веќе искусни професионалци кои сакаат промена.

ФОКУСОТ Е САМО НА CV-ТО

Мислењето дека „добро напишано CV е доволно“ е една од најчестите заблуди. Реалноста е дека CV-то е само еден мал дел од целокупната слика. Без јасна цел, препознатлива лична приказна и доследна комуникација, CV-то станува уште еден документ во купот.
Наместо тоа: Постави стратегија – што сакаш, каде се гледаш, и зошто токму таму?

ИСТО МОТИВАЦИСКО ПИСМО ЗА СЕКОЈ ОГЛАС

„Copy – paste“ пристапот ретко функционира. Работодавците веднаш препознаваат кога некој аплицира масовно. Успешната пријава бара контекстуализирана порака, каде се покажува разбирање за компанијата и јасно се поврзува твојот профил со нивните потреби.
Наместо тоа: Третирај ја секоја пријава како проект – кратко, прецизно и фокусирано.

ИГНОРИРАЊЕ НА НЕТВОРКИНГОТ

Многу луѓе и понатаму се потпираат исклучиво на огласи. Но, реално, голем дел од работните места никогаш не се објавуваат јавно.
Наместо тоа: Вклучи се во професионални заедници, информирај ги луѓето околу тебе дека си во потрага, барај совет – не само препорака.

ЧЕКАЊЕ „СОВРШЕН ОГЛАС“ НАМЕСТО ПРОАКТИВНОСТ

Многумина чекаат да се појави „работа од соништата“ и пропуштаат мали шанси кои можат да водат кон големи врати. Кариерата ретко кога е линија – таа е скала.
Наместо тоа: Биди проактивен – иницирај разговори, испрати сопствена понуда, пријави се на иницијативи.

НЕДОСТАТОК НА ПРЕТПРИЕМАЧКИ ПРИСТАП

Кариерата е твој „бизнис“! А секој успешен бизнис започнува со план, јасна цел и постојано подобрување. Луѓето често гледаат на себе како на „вработени“, наместо како на професионалци со сопствена вредност.
Наместо тоа: Размислувај како претприемач – инвестирај во себе, анализирај го пазарот, и постави стратегија.

ТУКА СМЕ ЗА ДА ПОМОГНЕМЕ

Во I Career Center, не нудиме генерализирани совети. Работиме индивидуално, со секој клиент, изработуваме персонализирана стратегија, и помагаме не само да се најде работа, туку и да се гради кариера во систинска насока. Затоа што не бараме огласи – бараме насока и не пополнуваме формулари – градиме планови.

Ако и ти се препознаваш во некоја од горните грешки – не е доцна. Напротив, тоа е добар знак дека е време да почнеш поинаку.

Твојата кариера започнува или напредува со вистински пристап. А тој пристап започнува тука.

Слични објави

ШТО Е КАРИЕРЕН ЦЕНТАР?

Во последниве години, зборот „кариерен центар“ се појавува сè почесто. Универзитети, академии и различни образовни институции го користат во своите програми, веб-страници и брошури. Но, ајде реално да се запрашаме: Каде е тој центар? Дали можеме да го посетиме физички или пак онлајн? Дали можеме да побараме услуга со цел да добиеме насочување, советување, план, поврзување, стратегија без да сме дел од некоја образовна институција? Дали навистина постои?

Повеќе >

НЕ Е ДОВОЛНО ДА ИМАШ ИДЕЈА: 4 СТРАТЕШКИ ЧЕКОРИ ЗА ДА ГО ИЗГРАДИШ СВОЈОТ СТАРТАП, БИЗНИС ИЛИ НЕВЛАДИНА ОРГАНИЗАЦИЈА

Многу луѓе имаат одлична идеја. Некои дури и ја започнуваат. Но само малкумина успеваат да ја позиционираат, продаваат и развиваат таа идеја на начин што создава вистинско влијание и одржлив раст. Зошто?

Повеќе >

НЕ ТИ ТРЕБА САМО РАБОТА – ТИ ТРЕБА ЈАСНА СЛИКА ЗА СЕБЕ СИ

Во свет каде професиите исчезнуваат побрзо од што се појавуваат, а промената е постојана, сликата за себе и светот околу себе е најсилната конкурентска предност. Кариерата е комбинација од вештини, вредности, избори и стратегии.

Повеќе >

    За нас

    Првиот самостоен КАРИЕРЕН ЦЕНТАР во Македонија настанува од искрена потреба да се понуди вистинска поддршка на сите кои се наоѓаат пред клучна кариерна одлука, без разлика дали се средношколци, студенти, професионалци кои сакаат промена или основачи на бизниси кои имаат потреба од јасна насока.

    Како човек кој повеќе од 14 години активно работи во полето на неформалното образование и е дел од развојот на бројни тренинг програми за доедукација и преквалификација во ИТ и креативните индустрии, ја чувствувам оваа иницијатива како лична и професионална должност. Воедно сум ко-сосновач на StartUp Club Skopje, каде веќе неколку години помагам на стартапи и мали бизниси во нивниот раст.

    Во изминатите девет години, сум работел со над 300 лица годишно во процес на нивно кариерно насочување и развој. Како автор и ментор на предметот „Кариера“ во рамки на академиите на Skala School, секојдневно го олеснувам процесот на вмрежување меѓу студентите и индустријата, со цел полесно пронаоѓање на работа или добивање практично искуство.

    КАРИЕРНИОТ ЦЕНТАР го замислив како простор каде секој поединец ќе може да добие јасна поддршка во донесувањето на важни одлуки, било да станува збор за избор на образование, промена на професија, унапредување во кариерата или започнување на сопствен бизнис. Ова не е само сервис, туку мисија што го поставува човекот во центарот на вниманието.

    Нашата визија е КАРИЕРНИОТ ЦЕНТАР да прерасне во независно и доверливо тело што ќе го унапредува системот на кариерна поддршка во целата држава. Работиме со физички и правни лица, со образовни институции, со компании и организации, секогаш со една цел – да го овозможиме следниот чекор во нечие професионално патување.

    До 2030 година се очекува преку 80% од денешните професии да исчезнат или да претрпат значајна трансформација. Истовремено ќе се појават стотици нови работни позиции. Во ваков динамичен свет, потребно е системска поддршка и центар што ќе им помогне на луѓето да се снајдат, да се прилагодат и да напредуваат.

    КАРИЕРНИОТ ЦЕНТАР е токму таа поддршка.

    Искрено и со почит,
    Крсто Златков
    Основач на првиот самостоен Кариерен Центар