НЕ ТИ ТРЕБА САМО РАБОТА – ТИ ТРЕБА ЈАСНА СЛИКА ЗА СЕБЕ СИ

Обука за кариера и личен развој – 12 часа што ќе ти ја сменат перспективата


Во свет каде професиите исчезнуваат побрзо од што се појавуваат, а промената е постојана, сликата за себе и светот околу себе е најсилната конкурентска предност. Кариерата е комбинација од вештини, вредности, избори и стратегии.

Токму затоа ја создадовме обуката „Кариера и личен развој“ – структуирана програма со 3 модули и 12 часа интерактивна работа.

ШТО ЌЕ НАУЧИШ?

✅   МОДУЛ 1: Анализа на личност и карактеристики на успешните луѓе

– Како да изградиш правилна слика за себе и светот околу себе?
– Кои се твоите силни страни – и како да ги препознаеш?
– Како размислуваат луѓето кои напредуваат во своите кариери?

✅   МОДУЛ 2: Стратегии за кариерен развој

– Како да поставиш реална, но амбициозна кариерна цел?
– Како да го искористиш знаењето за маркетинг и продажба кон остварување на сопствената кариерна цел?
– Кои алатки се потребни за да бидеш забележан?

✅   МОДУЛ 3: Практична работилница: Твојот план, твојот пат

– Ќе работиме заедно на твој индивидуален план
– Ќе добиеш насока, фидбек и конкретни чекори
– Ќе излезеш од обуката со нова енергија и стратегија

КОЈА Е РАЗЛИКАТА?

Ова не е курс за пишување CV. Ова е обука за градење јасност и насока.

Работиме во живо, со личен пристап и посветеност кон секој учесник.
Нема формализми, има суштина.
Нема „copy-paste“ мотивација, има вистинска структура за твој напредок.

САКАШ ДА ПОЧНЕШ?

Обуката се одржува онлајн, преку интерактивни сесии во живо.
12 часа, 3 модули, 1 фокус: ти и твојата кариера.

Резервирај го твоето место денес.
Бројот на учесници во една група е ограничен на 15.

Слични објави

ШТО Е КАРИЕРЕН ЦЕНТАР?

Во последниве години, зборот „кариерен центар“ се појавува сè почесто. Универзитети, академии и различни образовни институции го користат во своите програми, веб-страници и брошури. Но, ајде реално да се запрашаме: Каде е тој центар? Дали можеме да го посетиме физички или пак онлајн? Дали можеме да побараме услуга со цел да добиеме насочување, советување, план, поврзување, стратегија без да сме дел од некоја образовна институција? Дали навистина постои?

Повеќе >

НЕ Е ДОВОЛНО ДА ИМАШ ИДЕЈА: 4 СТРАТЕШКИ ЧЕКОРИ ЗА ДА ГО ИЗГРАДИШ СВОЈОТ СТАРТАП, БИЗНИС ИЛИ НЕВЛАДИНА ОРГАНИЗАЦИЈА

Многу луѓе имаат одлична идеја. Некои дури и ја започнуваат. Но само малкумина успеваат да ја позиционираат, продаваат и развиваат таа идеја на начин што создава вистинско влијание и одржлив раст. Зошто?

Повеќе >

5 НАЈЧЕСТИ ГРЕШКИ КОИ ЛУЃЕТО ГИ ПРАВАТ КОГА БАРААТ РАБОТА

Потребата од нова работа не е само предизвик, туку и шанса. Сепак, многумина го започнуваат процесот со неточни претпоставки, шаблонски пристап и без јасна стратегија што често води до фрустрација, одбивања или долгорочна стагнација.

Повеќе >

    За нас

    Првиот самостоен КАРИЕРЕН ЦЕНТАР во Македонија настанува од искрена потреба да се понуди вистинска поддршка на сите кои се наоѓаат пред клучна кариерна одлука, без разлика дали се средношколци, студенти, професионалци кои сакаат промена или основачи на бизниси кои имаат потреба од јасна насока.

    Како човек кој повеќе од 14 години активно работи во полето на неформалното образование и е дел од развојот на бројни тренинг програми за доедукација и преквалификација во ИТ и креативните индустрии, ја чувствувам оваа иницијатива како лична и професионална должност. Воедно сум ко-сосновач на StartUp Club Skopje, каде веќе неколку години помагам на стартапи и мали бизниси во нивниот раст.

    Во изминатите девет години, сум работел со над 300 лица годишно во процес на нивно кариерно насочување и развој. Како автор и ментор на предметот „Кариера“ во рамки на академиите на Skala School, секојдневно го олеснувам процесот на вмрежување меѓу студентите и индустријата, со цел полесно пронаоѓање на работа или добивање практично искуство.

    КАРИЕРНИОТ ЦЕНТАР го замислив како простор каде секој поединец ќе може да добие јасна поддршка во донесувањето на важни одлуки, било да станува збор за избор на образование, промена на професија, унапредување во кариерата или започнување на сопствен бизнис. Ова не е само сервис, туку мисија што го поставува човекот во центарот на вниманието.

    Нашата визија е КАРИЕРНИОТ ЦЕНТАР да прерасне во независно и доверливо тело што ќе го унапредува системот на кариерна поддршка во целата држава. Работиме со физички и правни лица, со образовни институции, со компании и организации, секогаш со една цел – да го овозможиме следниот чекор во нечие професионално патување.

    До 2030 година се очекува преку 80% од денешните професии да исчезнат или да претрпат значајна трансформација. Истовремено ќе се појават стотици нови работни позиции. Во ваков динамичен свет, потребно е системска поддршка и центар што ќе им помогне на луѓето да се снајдат, да се прилагодат и да напредуваат.

    КАРИЕРНИОТ ЦЕНТАР е токму таа поддршка.

    Искрено и со почит,
    Крсто Златков
    Основач на првиот самостоен Кариерен Центар