НЕ ТИ ТРЕБА САМО РАБОТА – ТИ ТРЕБА ЈАСНА СЛИКА ЗА СЕБЕ СИ

Во свет каде професиите исчезнуваат побрзо од што се појавуваат, а промената е постојана, сликата за себе и светот околу себе е најсилната конкурентска предност. Кариерата е комбинација од вештини, вредности, избори и стратегии.

    За нас

    Првиот самостоен КАРИЕРЕН ЦЕНТАР во Македонија настанува од искрена потреба да се понуди вистинска поддршка на сите кои се наоѓаат пред клучна кариерна одлука, без разлика дали се средношколци, студенти, професионалци кои сакаат промена или основачи на бизниси кои имаат потреба од јасна насока.

    Како човек кој повеќе од 14 години активно работи во полето на неформалното образование и е дел од развојот на бројни тренинг програми за доедукација и преквалификација во ИТ и креативните индустрии, ја чувствувам оваа иницијатива како лична и професионална должност. Воедно сум ко-сосновач на StartUp Club Skopje, каде веќе неколку години помагам на стартапи и мали бизниси во нивниот раст.

    Во изминатите девет години, сум работел со над 300 лица годишно во процес на нивно кариерно насочување и развој. Како автор и ментор на предметот „Кариера“ во рамки на академиите на Skala School, секојдневно го олеснувам процесот на вмрежување меѓу студентите и индустријата, со цел полесно пронаоѓање на работа или добивање практично искуство.

    КАРИЕРНИОТ ЦЕНТАР го замислив како простор каде секој поединец ќе може да добие јасна поддршка во донесувањето на важни одлуки, било да станува збор за избор на образование, промена на професија, унапредување во кариерата или започнување на сопствен бизнис. Ова не е само сервис, туку мисија што го поставува човекот во центарот на вниманието.

    Нашата визија е КАРИЕРНИОТ ЦЕНТАР да прерасне во независно и доверливо тело што ќе го унапредува системот на кариерна поддршка во целата држава. Работиме со физички и правни лица, со образовни институции, со компании и организации, секогаш со една цел – да го овозможиме следниот чекор во нечие професионално патување.

    До 2030 година се очекува преку 80% од денешните професии да исчезнат или да претрпат значајна трансформација. Истовремено ќе се појават стотици нови работни позиции. Во ваков динамичен свет, потребно е системска поддршка и центар што ќе им помогне на луѓето да се снајдат, да се прилагодат и да напредуваат.

    КАРИЕРНИОТ ЦЕНТАР е токму таа поддршка.

    Искрено и со почит,
    Крсто Златков
    Основач на првиот самостоен Кариерен Центар